Средба на Чавушоглу со својот казахстански колега Идрисов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му се заблагодари на Казахстан за поддршката што и ја даде на Турција по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули

593533
Средба на Чавушоглу со својот казахстански колега Идрисов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со својот казахстански колега Ерлан Идрисов најпрвин оствари средба лице в лице, а потоа и се одржаа разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Чавушоглу му се заблагодари на Казахстан за поддршката што и ја даде на Турција по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

На остварените разговори беа преразгледани прелиминарните подготовки за третиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво што ќе се одржи во 2017 година на ниво на претседатели.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на конференцијата за претставниците на печатот што се одржа по разговорите истакна дека Казахстан по обидот за преврат на 15 јули ја изнесе својата поддршка на турската влада и турскиот народ.

Казахстанскиот министер за надворешни работи Ерлан Идрисов пак кој уште еднаш го осуди обидот за преврат истакна дека помеѓу двете земји е формирана работна група за борба против ФЕТО.

Работната група разговараше за чекорите кои што ќе бидат фрлени во борбата против терористичката организација ФЕТО особено во сферата на образованието.



Слични вести