Во терористички напад кај Дијарбакир животот го загубија двајца селски чувари

Во близина на населеното место Лиџе кај Дијарбакир терористи реализираа напад на минибус во кој се наоѓаа селски чувари кои се враќаа од операција и во нападот животот го загубија двајца селски чувари, а двајца селски чувари беа ранети

592838
Во терористички напад кај Дијарбакир животот го загубија двајца селски чувари

Во реализиран напад од страна на терористите на минибус во кој сенаоѓале селски чувари кои се враќале од операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во близина на Дијарбакир животот го загубија двајца селски чувари, а двајца селски чувари беа ранети.

Терористите во реализираниот напад на минибусот во месноста Тепе во близина на населеното место Лиџе кај Дијарбакир употребија ракетни минофрлачи и автоматско оружје.

На нападот веднаш одговорија со оган и селските чувари, но во првиот отворен оган од страна на терористите животот го загубија двајца селски чувари, а двајца селски чувари беа ранети.

Ранетите со помош на хеликоптер беа префрлени во болница во Дијарбакир.

Продолжува операцијата која што беше започната за неутрализирање на терористите кои го реализираа нападот и потоа избегаа.



Слични вести