Турција ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Ирак или планираат да патуваат во оваа земја

Обемот на претходно доставеното предупредување до турските граѓани за патување во Ирак е проширено со тоа што се однесува и на сите градови во склопот на Регионалната курдска управа на Ирак со исклучок на градовите Духок, Ербил и Сулејманије

592401
Турција ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Ирак или планираат да патуваат во оваа земја

Турција ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Ирак или кои планираат да патуваат во оваа земја.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека во правец на чувствителните безбедносни услови кои што владеат во Ирак обемот на претходно доставеното предупредување до турските граѓани на 9 декември 2015 година за патување во Ирак е проширено со тоа што се однесува и на сите градови во склопот на Регионалната курдска управа на Ирак со исклучок на градовите Духок, Ербил и Сулејманије.

Во соопштението им се препорачува на турските фирми и турските граѓани кои се наоѓаат во градовите како што се Анбар, Вавилон, Багдад, Басра, Дијала, Дикар, Кадисије, Кербела, Мејсан, Неџеф, Ниневија, Селахаддин и Васит во секои услови да бидат внимателни, будни и на штрек.

Во соопштението се бара од турските граѓани да не одат на прометни места, да ги зајакнат своите безбедносни мерки и да бидат во комуникација со турската амбасада во Багдад.

Во истото соопштение се бара од турските граѓани без поголема потреба да не патуваат во Ирак да ги ограничат своите патувања внатре во оваа земја и оние кои не се приморени да останат во овие наброени градови за најскоро време да ги напуштат овие градови.

Во врска со турксите граѓани пак кои се наоѓаат во Регионалната курдска управа на Ирак каде што е релативно побезбедно во споредба со другите делови на оваа земја се бара да стојат далеку од областите каде што се реализираат операции против терористичката органзиација ДАЕШ.



Слични вести