Министерот Омер Челик ја предупреди ЕУ дека Турција може да го поништи договорот за реадмисија

Министерот за ЕУ Омер Челик изјави за Ројтерс дека доколку ЕУ не го исполни своето ветување за воведување визна либерализација за турските граѓани Турција може да го поништи постигнатиот договор за реадмисија

592666
Министерот Омер Челик ја предупреди ЕУ дека Турција може да го поништи договорот за реадмисија

Анкара ја предупреди ЕУ и истакна дека Турција може да го поништи договорот за реадмсија. 

Ова предупредување пристигна од министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик кој во дадената изјава за новинската агенција Ројтерс потсети дека во март беше потпишан договор со ЕУ кој предвидува за возврат на стопирањето на префрлањата на илегалните мигранти во Грција да се воведе визна либерализација за турските граѓани.

Велејќи дека меѓутоа и покрај тоа што сега веќе е октомври ЕУ го одолговлечува прашањето со визната либерализација, министерот Омер Челик  напомена дека наспроти тоа Унијата инсистира Анкара да направи измени во законот за борба против тероризмот. 

Челик упати повик до ЕУ што поскоро да ја воведе визната либерализација за Турција и посака од Брисел да се откаже од своето инсистирање во врска со измените во законот  за борба против тероризмот.

„Во овој случај ние ќе го поништиме договорот за реадмисија.“ - рече министерот за ЕУ Омер Челик и привлече внимание дека за да остане да важи договорот има време до декември.

На едно прашање во врска со ветувањата кои што ги даде ЕУ за сириските бегалци во Турција, Челик рече: „Овие пари нема да ги добиеме ние. Парите кои што ќе дојдат се значајни за обезбедување услови за подобро образование и подобра здравствена услуга за децата.“



Слични вести