„Со тероризмот може да се води успешна борба само со зголемување на меѓународната соработка“

Претседателот Ердоган истакна дека со терористичките организации кои што со својот профил на милитанти и своите акции постепено се глобализираат може да се води успешна борба само со зголемување на меѓународната соработка

592296
„Со тероризмот може да се води успешна борба само со зголемување на меѓународната соработка“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара говореше на вечерата што ја приреди во чест на претседателите на парламентите на земјите кои учествуваат на состанокот на 36-от Извршен комитет на Унијата на парламентите на организацијата за исламска соработка (ИСИПАБ).

Ердоган истакна дека со терористичките организации кои што со својот профил на милитанти и своите акции постепено се глобализираат може да се води успешна борба само со зголемување на меѓународната соработка.

Велејќи дека проблемите против исламот можат да се надминат со единство и заедништво, претседателот Ердоган рече: „Би требало да се состануваме во однос на сите прашања со многу повеќе работа, да бидеме будни пред обидите за создавање раздор и да ги зајакнеме основите за консултирање како и на нашите состаноци.“

Ердоган напомена дека муслиманите се соочуваат со мошне различни проблеми и предизвици од Африка до Блискиот исток и од Азија до Америка и дека 6 години како Сиријците пред очите на целиот свет се подложени на голема суровост со барел и касетни бомби и со хемиско и најмодерно оружје.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека преку Ирак и Јемен се настојува да се запали фитилот на шиитско-сунитската граѓанска војна.



Слични вести