Чавушоглу и Могерини остварија телефонски разговор посветен на актуелните случувања во Сирија

Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини посветен на актуелните случувања во Сирија

592062
Чавушоглу и Могерини остварија телефонски разговор посветен на актуелните случувања во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу водеше телефонски разговор со Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Според добиени информации од дипломатски извори барањето за остварување на телефонскиот разговор пристигнало од спротивната страна за време на престојот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Узбекистан Ташкент по повод 43-от состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС). 

Во телефонскиот разговор Чавушоглу и Могерини се осврнаа на актуелни случувања во Сирија, а пред се на состанокот што се одржа во саботата во швајцарскиот град Женева и доставувањето на хуманитарна помош од која има потреба народот во оваа земја каде што граѓанската војна влезе во шестата година.



Слични вести