Турски воени авиони реализираа воздушни операција врз терористички цели кај Тунџели и Хаќќари

Турски воени авиони реализираа воздушни операции во руралното подрачје на градот Тунџели и населеното место Шемдинли во округот Хаќќари каде што беа уништени вкупно 12 терористички цели

590866
Турски воени авиони реализираа воздушни операција врз терористички цели кај Тунџели и Хаќќари

Турските вооружени сили (ТВС) непрестано продолжуваат со борбата против сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК.

Турски воени авиони реализираа воздушни операции врз утврдени терористички цели во руралното подрачје на градот Тунџели и населеното место Шемдинли во округот Хаќќари.

Во операциите се уништени вкупно 12 цели на терористичката ПКК.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека во два реализирани одделни воздушни операции  во руралното подрачје на градот Тунџели се уништени 8 терористички цели.

Од друга страна по добиени навремени разузнавачки информации турски воени авиони реализираа воздушна операција и врз утврдени терористички цели во руралното подрачје на населеното место Шемдинли во округот Хаќќари каде што беа уништени 4 терористички цели.

Воените авиони успешно ја извршија својата задача и безбедно се вратија во своите бази.



Слични вести