Од претседателот Ердоган до ирачката влада: Нас ќе не има и во операцијата и на маса

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган остро се спротивстави на оние кои велат „Турција да не влезе во Мосул“ и рече: „Нас ќе не има и во операцијата и на маса“

591181
Од претседателот Ердоган до ирачката влада: Нас ќе не има и во операцијата и на маса

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на отворањето на Меѓународниот конгрес за право во Истанбул се осврна на започнатата операција за одлободување на градот Мосул, вториот по големина ирачки град од рацете на терористичката организација ДАЕШ.

Ердоган остро се спротивстави на оние кои велат „Турција да не влезе во Мосул“ и рече: „Нас ќе не има и во операцијата и на маса.“

Претседателот Ердоган до ирачката влада го постави прашањето „Како нема да влезе во Мосул Турција која има 350 километри граница со Ирак?“ и продолжи со следните зборови: „Велат да не доаѓаат други освен оние на кои им велиме да дојдат. Зарем им рековте да не доаѓаат на оние кои дојдоа и покрај тоа што им рековте да не доаѓаат, пред 14 до 15 години (американската окупација).“

Укажувајќи на тоа дека од Мосул постои закана против Турција Ердоган повтори дека турските војници кои се наоѓаат на задача во кампот Башика ќе продолжат да останат таму.

Ердоган истакна дека турските војници неколку години како во овој камп ги обучуваат ирачките безбедносни единици и силите Пешмерги за борба против терористичката организација ДАЕШ и подвлече дека денеска операцијата на Мосул се реализира благодарение на овие обучени кадри. 

Велејќи дека причината поради која се сака Турција да се држи надвор од операцијата на Мосул произлегува од тоа што се знае дека таа ќе го спречи евентуалниот секташки судир, претседателот Ердоган рече: „Ние не можеме да прифатиме да дојде до сунитско-шиитски судир. Ирачката армија се состои од шиити кои откако ќе дојдат во Мосул ќе војуваат со сунитите. Нека не извинат но ние не можеме да кажеме да за нови секташки судири.“

„Под изговор дека ја има ДАЕШ Сирија и Ирак се подложени на големо рушење. Ако сакаат веднаш би ја уништиле ДАЕШ.“ - рече Ердоган и додаде дека меѓутоа менталитетот кој и обезбедува оружје на терористичката организација ПЈД во Сирија која инаку е огранок на терористичката организација ПКК не може да води борба против тероризмот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде јасна порака и до САД од кои посака да го одржат своето ветување околу тоа дека терористите на ПЈД и ЈПГ ќе бидат извадени од областа Менбич во Сирија.

„Тамошното население 95-насто е арапско. Оваа порака беше доставена и утрово. Доколку таа област не ја исчистите од ПЈД и ЈПГ нашето партнерство со вас ќе заврши.“ - рече Ердоган.



Слични вести