Јилдирим: На 27 октомври во Истанбул ќе одржиме состанок со најголемите инвеститори на светот

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека на 27 октомври во Истанбул ќе се одржи состанок со најголемите инвеститори на светот кои на овој состанок ќе бидат информирани за способностите на Турција

590957
Јилдирим: На 27 октомври во Истанбул ќе одржиме состанок со најголемите инвеститори на светот

Премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли и министерот за финансии Наџи Агбал синоќа во владината канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул се состанаа со директорите за економија на весниците.

Јилдирим ги информираше директорите за економија на весниците дека во Меѓународниот финансиски центар во Истанбул се фрлени темелите за изградба на новите услужни згради на Институцијата за регулирање и надзор на банкарството (БДДК) и Советот на пазар на капиталот (СПК).

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека на 27 октомври во Истанбул сќе се одржи состанок со најголемите инвеститори на светот кои ќе бидат информирани за способностите на Турција и рече: „Откако меѓународниот финансиски сектор и инвеститорите ќе ги увидат овие примери сигурен сум дека ќе дојдат и ќе ги претпочитаат побезбедните места. Ние за да би биле спремни за тоа му придаваме интензитет на проектот за изградба на овој финансиски центар. Овде ќе има 50 илјади вработени. Заедно и со оние кои ќе доаѓаат секојдневно овде ќе има 80 илјади лица, односно ова ќе биде град од помал обем.“   

Нагласувајќи дека особено Заливските земји сакаат да реализираат долгорочни инвестирања во Турција, Јилдирим рече: „Заливските земји доаѓаат во два вида. Како прво сакаат да реализираат долгорочни инвестирања во Турција. Има проекти кои што продолжуваат. Сакаат да реализираат долгорочни инвестирања во сектори како што се Елбистан, телекомуникацијата, пристаништа, секторот за петрохемија и други сектори од овој вид. Освен тоа некои сакаат да склучат партнерства во  банкарството. Исто така размислуваат за активно учество и во новоформираниот Фонд за средства на Турција. Нашите разговори по ова прашање продолжуваат.“

На едно поставено прашање во однос на очекувањата во врска со економијата и бројките на раст во последниот квартал од годината заедно и со воведените стимулации, премиерот Бинали Јилдирим потсети дека се објавни показателите за 2016 година според кои растот ќе изнесува 3,2-отсто, а инфлационата стапка 7,5-отсто.

Јилдирим рече: „Во последниот квартал ќе им подобрување. Односно показателите со кои што располагаме сега се во таа насока.“

Привлекувајќи внимание дека на 27 октомври во Истанбул ќе се одржи обемен состанок со најголемите инвеститори на светот, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Најголемите инвеститори на светот, извршните директори, ќе дојдат овде. Ќе разговраме со нив. Ќе ги информираме за способностите на Турција. Овде постои прашање кое што треба да го подобриме, а тоа е да ги забрзаме постапките и да ги намалиме бирократските процедури. Донесовме мошне добри одлуки во врска со економијата, инвестирањата и стимулациите.“



Слични вести