„Турција нема да излезе од Башика се додека не биде решен проблемот со Мосул во Ирак“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција нема да излезе од Башика се додека не биде решен проблемот со градот Мосул во Ирак

590356
„Турција нема да излезе од Башика се додека не биде решен проблемот со Мосул во Ирак“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во градот Ризе учествуваше на свеченото отворање на новата академска 2016/2017 година на Универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган што се одржа во Конгресниот и културен центар.

На церемонијата Ердоган истакна дека Турција нема да излезе од Башика се додека не биде решен проблемот со градот Мосул во Ирак.

Велејќи „Зарем би можеле народот на градот Мосул во Ирак да го препуштиме на сопствената судбина? “, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган укажа на тоа дека Турција ја има во историјата на Мосул, дека се прават сметки Мосул да биде одземен од неговите жители и да им биде предаден на други и дека Турција вели „не“ на сиве овие пресметки и дека во Мосул треба да живеат неговите вистински жители.

Ердоган истакна дека во Мосул живеат Арапи, Туркменци и Курди и нагласи дека не е можно да се прифати изјавата на коалиционите сили кои водат борба против терористичката организација ДАЕШ околу тоа дека Турција би можела да учествува во борбата против ДАЕШ доколку за тоа добие дозвола од ирачката централна влада.

Потсетувајќи дека Турција ја формира базата Башика на барање на ирачката централна влада, претседателот Ердоган напомена дека сега се бара Турција да ја напушти базата Башика, но дека Турција нема намера да ја напушти оваа база.

Ердоган подвлече дека Турција ќе остане таму се додека не биде решен проблемот со Мосул, а воедно привлече внимание и на туркменското население во градот Тел Афер кој брои 400 илјади жители.

Велејќи дека секој треба да знае оти Турција нема да ја повлече својата рака се додека не биде воспоставен мирот и во Тел Афер, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние се обидуваме да го направиме и ќе продолжиме да го правиме сето она што е непоходно по дипломатски патишта.“



Слични вести