Терористи на ДАЕШ кои разбраа дека ќе бидат фатени се разнесоа: Животот го загубија тројца полицајци

Во Шахинбеј во Газиантеп терористи на ДАЕШ кои откако разбрааа дека ќе бидат фатени се разнесоа и во експлозијата животот го загубија тројца полицајци, а 8 лица беа ранети од кои четворица сириски државјани

590647
Терористи на ДАЕШ кои разбраа дека ќе бидат фатени се разнесоа: Животот го загубија тројца полицајци

Терористите на ДАЕШ кои разбраа дека ќе бидат фатени за време на операцијата на куќата која ја користеле како терористичка ќелија во населеното место Шахинбеј во градот Газиантеп го експлодираа експлозивот на себе и се разнесоа.

Во експлозијата животот го загубија тројца полицајци, а 8 лица беа ранети од кои четворица сириски државјани.

Ранетите со помош на амбулантни коли веднаш беа префрлени на лекување во околните болници и како што се истакнува едниот од ранетите се наоѓа во животна опасност.

Во меѓувреме на местото на настанот дојде и валијата на Газиантеп Али Јерликаја каде што доби информации од надлежните.

Валијата Али Јерликаја истакна дека терористите се разнесле откако полициските екипи стапиле во акција и рече: „За жал животот го загубија тројца наши полицајци, а 8 лица од кои четворица сириски државјани се ранети.“ 

Валијата Јерликаја нагласи дека за воспоставување на спокојството и безбедноста во градот со голема одлучност ќе продолжат активностите против терористичките организации ДАЕШ, ПКК и ФЕТО.

 



Слични вести