Безбедносните сили ги продолжуваат антитерористичките операции во југоисточните делови на земјата

Безбедносните сили ги продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во југоисточните делови на земјата

590680
Безбедносните сили ги продолжуваат антитерористичките операции во југоисточните делови на земјата

Во реализирана воздушна операција беа погодени претходно утврдени гнезда во руралното подрачје на населеното место Татван во округот Битилис се неутрализирани четворица припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во реализираните активности за пребарување на теренот по операцијата се запленети 5 експлозивни направи од рачна изработка, 4 автоматски оружја и голема количина муниција.

Во операциите на безбедносните сили кои што продолжуваат во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари пак се запленети 300 куршуми за тешки митралези и 3 гранати за хаубици.

Во операцијата која што продолжува и во руралното подрачје на градот Ширнак се утврдени 11 засолништа на терористичката органзиација ПКК.

Во населеното место Силван во округот Дијарбакир пак беа уништени 450 килограми амониум нитрат кои беа запленети во 4 пештери.

Во реализирана операција во населеното место Дерик во округот Мардин беа притворени 11 сомнителни лица.



Слични вести