Турција протестираше една историска слика на американската морнарица

Амбасадорот на РТ во Вашингтон Сердар Килич одржа средби со претставниците на американскиот Стејт департмент и ги пренесе реакциите на Анкара

590075
Турција протестираше една историска слика на американската морнарица

Турција протестираше една историска слика на американската морнарица која беше споделена на социјалните медиуми, а на која се прикажува војната со турските војници.

По споделувањето на скандалозната слика од страна на американската морнарица преку Твитер на која е прикажана војната меѓу американските маринци и турските војници, претставниците на Министерството за надворешни работи одржаа средби до американските претставници.

Претставниците на министерството на американскиот амбасадор во Анкара Џон Бас му го пренесоа жалењето кое се чувствува од споделувањето на сликата и му беше посочено дека употребата на турското знаме и состојбата на сликата се неприфатливи. За што поскоро надминување на проблемот, треба да се фрлат потребните чекори, истакнаа претставниците на министерството и изрази протест во врска со ситуацијата.

Амбасадорот на РТ во Вашингтон Сердар Килич во САД одржа средби со претставниците на американскиот Стејт департмент и ги пренесе реакциите на Анкара во врска со случајот и достави барање за што поскоро кревање на сликата од социјалните мрежи.

Споделувањето на сликата од страна на Американската морнарица по повод 241-та годишнина од формирањето, на која сликовито е прикажана како се убиваат војниците со турски знамиња во рацете, предизвика големи реакции, поради што сликата беше крената.



Слични вести