Телефонската дипломатија на Чавушоглу даде резултати

Чавушоглу на разговорите министерката Валстром детално ја информираше за темата на панелот и рече дека од аспект на Турција неприфатлива е одлуката за одложување на панелот

590150
Телефонската дипломатија на Чавушоглу даде резултати

Интензивните телефонски разговори и дипломатија на Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу си шведската колешка Маргот Валстром по повод напорите на некои шведски пратеници за одложување на панелот „Позадината на крвавиот обид за воен удар на 15 јули“.

Министерот Чавушоглу одржа три телефонски разговори со шведската колешка.

Чавушоглу на разговорите министерката Валстром детално ја информираше за темата на панелот и рече дека од аспект на Турција неприфатлива е одлуката за одложување на панелот. Министерката Валстром рече дека одлуката за одложување на панелот била усвоена од страна на управата на училиштето во кое се планираше да се одржи, дека не била нивна одлука и дека панелот може да се одржи кога ќе посакаат.

Од друга страна пак, Сојузот на европските турски демократи (УЕТД) кои го организираа панелот кој беше одложен, повторно се обрати до шведската полиција и соопшти дека добиле дозвола панелот да се одржи денес.

Министерот Чавушоглу во интервјуто за еден информативен канал во врска со прашањето рече дека земјите кои се обидуваат на Турција и другите земји да им одржат лекција во врска со „слободата на собирање“ и „слободата на медиумите“, за жал секогаш применуваат двоен стандард за нивното спречување.



Слични вести