Заврши 23-от Светски енергетски конгрес

Конгресот заврши со предавањето на должноста на претседателот на Светскиот енергетски конгрес Мариа Хозе Надеау на новиот претседател Јунхун Дејвид Ким

589685
Заврши 23-от Светски енергетски конгрес

Заврши 23-от Светски енергетски конгрес чиј глобален партнер за комуникации беше Агенцијата Анадолија АА.

Конгресот што започна на 9 октомври во Конгресниот центар Истанбул, заврши со предавањето на должноста на претседателот на Светскиот енергетски конгрес Мариа Хозе Надеау на новиот претседател Јунхун Дејвид Ким.

Конгресот на кој се состанаа угледните актери на глобалниот енергетски сектор и е познат како Енергетска олимпијада беше остварен под покровителство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

На конгресот, освен претседателот Реџеп Тајип Ердоган, учествуваа премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш, министерот за енергетика Берат Албајрак, рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, рускиот министер за енергетика Александр Новак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро Морос, генералниот секретар на ОПЕК Муамед Баркиндо, катарскиот министер за енергетика и индустрија Мухамед Бин Салих Ал Саде, алжирскиот министер за енергетика Нуреддин Бутарфе, габонскиот министер за нафта Етјен Дијодон, венецуелскиот министер за нафта Еулогио Дел Пина, мексиканскиот заменик министер за енергија и јаглеводороди д-р Алдо Флроес Куирога.



Слични вести