Објавени новоименуваните амбасадори

За нов постојан претставник на РТ во ЕУ беше именуван Фарук Кајмакчи

589591
Објавени новоименуваните амбасадори

Во службениот весник на РТ беа објавени имињата на новименуваните амбасадори.

7 амбасадори беа повлечени во министерството, а беа именувани нови 12 амбасадори.

Според уредбата, постојаниот претставник на Турција во ЕУ, амбасадорите во Куба, Луксембург, Русија, Узбекистан, Словенија и Еритреја беа повлечени во министерството.

За нов постојан претставник на РТ во ЕУ беше именуван Фарук Кајмакчи, претставник во Светската трговска организација Кемал Маденоглу, амбасадор во Ирак Фатих Јилдиз, амбасадор во Куба Ајше берис Екинџи, амбасадор во Луксембург Мехмет Халук Илиџак, амбасадор во Бразил Али Каја Савут, амбасадор во Уузбекистан Ахмет Башар Шен, амбасадор во Словенија Есен Алтуг, амбасадор во Еритреја Ајкут Кумбароглу, амбасадор во Швајцарија Илхам сајгили и амбасадор во Тајланд Еврен Дагделен Акѓун.

За амбасадор на РТ во Русија беше именуван Хусејин Лазип Дириоз.

За потсекретар на министерството за надворешни работи беше именуван заменик потсекретарот Умит Јалчин.



Слични вести