Борбата против тероризмот главна тема на синоќешниот безбедносен состанок

На состанокот беа разгледани и случувањата во Мосул како и евентуалната операција која се планира да се изврши за исчистување на градот од ДЕАШ

589586
Борбата против тероризмот главна тема на синоќешниот безбедносен состанок

Синоќа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец во Бештепе се одржа ненадеен безбедносен состанок.

Главна тема на ненадејниот состанок кој траеше три часа и што се одржа во Бештепе беше борбата против тероризмот.

На состанокот учествуваа премиерот Бинали Јилдирим, началникот на  Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за национална одбрана Фикри Ишик и високите бирократи.

На состанокот беше разгледана операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На состанокот беа разгледани и случувањата во Мосул како и евентуалната операција која се планира да се изврши за исчистување на градот од терористичката организација ДЕАШ.

Операцијата Еуфратски штит која Турските вооружени сили ја започнаа на 24 август 2016 со цел да се исчисти регионот од терористичката организација ДЕАШ, да се обезбеди безбедноста на турско-сириската граница и да се даде поддршка на Коалиционите сили, беа другите значајни теми на состанокот.

Пред состанокот, началникот на Генералштабот, генерал на армија Хулуси Акар го извести државниот врв за состојбата на операцијата по посетата на седиштето на специјалните единици од каде што се раководи операцијата Еуфратски штит.

Борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО беше една друга значајна точка на дневниот ред на состанокот.

На состанокот беа разгледани истрагите кои продолжуваат и се во тек.



Слични вести