Во Фетије кај Мугла фатени 59 бегалци

На чамецот беа фатени и осум лица организатори од кои 5 беа од грузиско потекло

588722
Во Фетије кај Мугла фатени 59 бегалци

Во чамецот кој беше запрен од страна на крајбрежната стража пред крајбрежјето на Фетије кај Мугла беа фатени 59 бегалци.

Во чамецот кој од страна на екипите на крајбрежната стража на Командата за крајбрежна безбедност беше запрен пред крајбрежјето на селото Чиглик и кое по илегални патишта сакаше да замине на грчкиот остров Родос, се наоѓаа 59 бегалци од кои 26 беа деца.

На чамецот беа фатени и осум лица организатори од кои 5 беа од грузиско потекло, кои го организираа илегалниот премин на бегалците.

Бегалците заедно со чамецот беа донесени во Командната станица на жандармеријата во Ѓоџек.

Бегалците на организаторите на илегалните премини им платиле по 2 илјади долари за децата, а 4 илјади долари за возрасните.



Слични вести