Турција е силна земја и народот заедно во братство, единство и слога ја одбранија демократијата

Одлуката што ја сувои Германија во врска со немилите настани во 1915 година негативно се дорази кај турскиот народ

588602
Турција е силна земја и народот заедно во братство, единство и слога ја одбранија демократијата

Амбасадорот на РТ во Берлин Хусејин Авни Карслиоглу рече дека турскиот народ на 15 јули во братство, единство и слога остро се спротивстави на кукавичкиот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и дека сите граѓани заедно излегоа во одбрана и заштита а демократијата.

Амбасадорот Хусејин Авни Карслиоглу кој по усвојувањето на одлуката за признавање на наводниот геноцид врз Ерменците од страна на Сојузното собрание на Германија во јуни беше повикан во Анкара. Само една недела по враќањето во Берлин, амбасадорот Карслиоглу се состана со новинарите.

Амбасадорот Карслиоглу кој ноќта на 15 јули кога беше извршен обидот за воен удар, во огнот што беше отворен на војниците членови терористичката ФЕТО од хеликоптерите во Анкара беше повреден пред зградата на генералштабот, го критикуваше ставот на европскиот печат и медиуми кон обидот за воен удар.

Турција е силна земја и народот заедно во братство, единство и слога ја одбранија демократијата ноќта кога беше извршен обид за воен удар.

Немилиот настан кој беше доживеан ноќта на 15 јули навистина е многу очаен од аспект на турската демократија, рече Карслиоглу и подвлече дека брзото надминување на евентуалните последици како и одбраната на демократијата до страна на народот и граѓаните, претставува многу значаен пример.

Се надевам дека усвојувањето на одлуката од страна на Сојузното собрание на Германија во врска со немилите случувања во 1915 година, нема да нанесат поголема штета на турско-германките односи.

Одлуката која нема никаква правна основа, негативно се одрази врз турскиот народ и остави длабока трага, рече амбасадорот Карслиоглу.



Слични вести