Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман во посета на Франција

Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман на аеродромот во Париз беше пречекан од страна на привремениот вршител на должноста амбасадор на Турција во Франција Али Онарер

588401
Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман во посета на Франција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман отпатува во посета на Париз.

Кахраман и парламентарната делегација во негова придружба на аеродромот во Париз беа пречекани од страна на привремениот вршител на должноста амбасадор на Турција во Франција Али Онарер.

Прва станица на претседателот на собранието Исмаил Кахраман од неговите средби и разговори во Париз беше генералниот конзулат на Турција.

Овде Исмаил Кахраман се состана со претставниците на турските здруженија кои делуваат во Франција.

Потоа претседателот на собранието Исмаил Кахраман го посети францускиот Сенат каде што беше пречекан од страна на претседателот на Сенатот Жерар Ларше со кого оствари и средба.

На средбата учествуваа и неколку пратеници и по дозволата за фотографија и снимање разговорите продолжија зад затворени врати.

Исмаил Кахраман и Жерар Ларше по состанокот меѓу делегациите на двете земји одржаа и средба лице в лице.

Потоа претседателот на собранието Исмаил Кахраман учествуваше на вечерата што беше приредена во негова чест.

Кахраман во рамките на своите  разговори во Париз денеска ќе се состане со претседателот на француското Национално Собрание Клод Бартолон.



Слични вести