Еве ова е лагата на ирачкиот премиер Ибади за кампот Башика

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади своето барање во врска со турските војници во кампот Башика во близина на Мосул во Ирак го достави за време на посетата на Анкара на 25 декември 2014 година лично до тогашниот премиер Ахмет Давутоглу

588844
Еве ова е лагата на ирачкиот премиер Ибади за кампот Башика

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади самиот лично за време на својата посета на Анкара побара помош од Турција. 

Ибади своето барање во врска со турските војници во кампот Башика во близина на Мосул во Ирак  каде што им дава обука за водење борба против терористичката организација ДАЕШ го достави за време на посетата што ја оствари на Анкара на 25 декември 2014 година лично до тогашниот премиер Ахмет Давутоглу. 

Ете ова се зборовите на ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади кои што ги изговори лично по ова прашање на одржаната конференција за претставниците на печатот:

„Терористичката организација ДАЕШ се заканува на безбедноста на целиот регион, а не само на безбедноста на Ирак и на Турција. Така да треба да соработуваме по ова прашање. Тоа го очекуваме од Турција. Премиерот (Ахмет Давутоглу) исто така рече дека ќе ни ја достават таа помош.  Како по прашањето на воената соработка, така и по прашањето на разузнавањето, обуката и помошта во оружје... Ова се прашањата за ко што разговаравме. Беше доставен список во врска со тоа и нашите браќа во Турција ни рекоа дека се подготвени за поддршка. Мобилизирајќи ги нашите сили со поддршка и на сите соседни земји би можеле да ја елиминираме оваа организација.“



Слични вести