„Откако состојбата во Турција ќе се нормализира ќе се укине вонредната состојба“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека откако состојбата во Турција ќе се нормализира ќе се укине вонредната состојба во земјата

588339
„Откако состојбата во Турција ќе се нормализира ќе се укине вонредната состојба“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и претседателот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Педро Аграмунт по остварената средба лице в лице одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Мевлут Чавушоглу потсети дека лично 11 години беше на должност во Советот за Европа  и истакна дека Турција отсекогаш ги поддржувала основните вредности на оваа организација.

Заблагодарувајќи се за остварените посети од страна на функционерите на Советот на Европа на Анкара и за покажаната солидарност со јуначкиот турски народ кој го спречи обидот за преврат, Чавушоглу подвлече дека Турција нема да ја заборави оваа поддршка.

На едно поставено прашање во врска со посетите на Турција од страна на функционерите на Советот на Европа, Мевлут Чавушоглу велејќи дека овие посети беа мошне корисни и рече: „Правиме проценка на предлозите на Советот на Европа и ги земаме во предвид. Бевме приморени да ај продолжиме вонредната состојба, бидејќи состојбата е многу комплицирана. Мораме да бидеме сигурни дека уште еднаш нема да дојде до еден ваков обид за преврат и дека луѓето уште еднаш нема да се соочат со иста состојба.“

Чавушоглу напомена дека за време на терористичките напади Турција не одеше на воведување вонредна состојба, па дури власта на АК Партијата беше власт која ја укине вонредната состојба, меѓутоа подвлече дека овојпат Турција немаше друга алтернатива. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Откако состојбата целосно ќе ја нормализираме ќе ја укинеме вонредната состојба. За време на вонредната состојба ја продолжуваме соработката со Советот на Европа. Доставуваме информации во врска со законските регулативи кои што ги реализираме. Овој процес се води мошне транспарентно во правец на договорите и основните вредности на Советот на Европа.“



Слични вести