Во терористички напад во Диџле загина Дерјан Актерт, претседател на огранокот на АК партијата

Со овие напади се вложуваат напори да се заплашат приврзаниците на АК партијата

587142
Во терористички напад во Диџле загина Дерјан Актерт, претседател на огранокот на АК партијата

Претседателот на огранокот на АК партијата на градот Диџле, Дерјан Актерт убиен во вооружен напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Синоќа терористите со пушки отворија оган врз Актерт кој излегуваше од бензинската пумпа во негова сопственост.

Актерт загина на лице место.

Безбедносните сили започнаа операции во подрачјето за фаќање на терористите.

Лани терористите исто така извршија вооружен напад на работното место на претседателот на огранокот на АК партијата на градот Диџле и често пати му се закануваа дека ќе го убијат.

Потпретседателот на АК партијата Мехди Екер преку телефон се приклучи во една ТВ емисија и рече дека голем број локални претседатели и потпретседатели на партиските ограноци и претходно беа изложени на напади.

Со овие напади се вложуваат напори да се заплашат приврзаниците на АК партијата која важи за гаранција за единството, мирот и просперитетот на Турција, рече Екер и потенцираше дека сето тоа се прави со цел да спречат визијата и мисијата на АК партијата како и повторното обликување на Блискиот Исток.

Најголемата штета терористичката организација ја нанесува на регионалното население и со улогата на саботери против проектите за развој на регионот, рече Мехди Еклер и подвлече дека ќе продолжат со борбата против тероризмот.

 



Слични вести