Во операцијата Еуфратски штит уништени 91 цел на терористичката ДАЕШ

Вчера беа уништени 91 цел на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија каде што продолжува операцијата Еуфратски штит

587153
Во операцијата Еуфратски штит уништени 91 цел на терористичката ДАЕШ

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која што беше започната на 24 август под водство на Турција со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичката организација ДАЕШ вчера беа уништени 91 цел на ДАЕШ.

Турските артилериски единици ги уништија наоружаните позиции и контролните пунктови на терористичката организација ДАЕШ.

Од почетокот на операцијата досега е воспоставена контролата во 132 населени места на простор од приближно 1.100 квадратни километри на северот на Сирија.

Турски воени авиони фрлија 8 бомби врз 7 утврдени цели во Дувајбик, Јужен Џубан и Тал Ашах, а беа унишетни и 7 згради кои од страна на терористичката организација ДАЕШ биле користени како наоружани позиции.  

Освен тоа во областите исчистени од терористичката организација ДАЕШ беа контролирано уништени и 28 мини и 1.023 експлозивни направи од рачна изработка.



Слични вести