Собранието го изгласа владиниот документ за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го изгласа владиниот документ за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 3 месеци

587558
Собранието го изгласа владиниот документ за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци

На вчерашната пленарна седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше усвоен владиниот документ за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци.

По одржаните говори во име на пратеничките групи на политичките партии, поединци и владата владиниот документ за продолжување на вонредната сотојба беше поставен на гласање во собранието.

На одржаното јавно гласање беше усвоен владиниот документ за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 3 месеци и тоа почнувајќи од 19 октомври 2016 година среда од 01:00 часот по полноќ.

Владиниот документ беше усвоен со гласовите на владејачката АК Партија (Партијата за правда и развој АКП) и опозиционата Партија за националистичко движење МХП, додека главната опозициона Републиканска народна партија ЏХП и опозиционата Демократска партија на народите гласаа против.

Во име на владата за збор се јави министерот за правда Бекир Боздаг кој истакна дека вонредната состојба не влијае негативноö односно како што рече вонредно на животот на граѓаните.

Велејќи дека вонредната состојба не е прогласена за народот, туку за државата и рече: „Онака како што вонредната состојба беше искористена досега за брза, одлучна и ефикасна борба против терористичките организации на ист начин ќе биде користена и отсега. Нашите граѓани во ниту едно место на Турција не се соочиле со негативните влијанија на вонредната состојба. Во само некои места е дојдено до одредени поединечни настани каде што исто така беа преземени неопходните мерки.“

Вонредната состојба во Турција беше прогласена по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.



Слични вести