Ирачкото раководство е индиферентно наспроти терористичката организација ПКК

Багдад за чистење на Мосул и протерување на ДЕАШ планираше заедничка операција со САД

587494
Ирачкото раководство е индиферентно наспроти терористичката организација ПКК

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека ирачкото раководство е индиферентно наспроти сепаратистичко-терористичката организација ПКК која 30 години претставува неволја за Турција.

Премиерот Јилдирим во интервјуто за руската новинска агенција Спутник го критикуваше Багдад поради реакциите во врска со военото присуство на турската армија и рече:

Ирачките власти не можат да отворат уста против стационирањето на терористите на ПКК на ирачките територии, а од друга страна реагираат против военото присуство на турската армија.

Багдад за чистење на Мосул и протерување на ДЕАШ планираше заедничка операција со САД и тамошните милициски сили.

Турција нема ништо против оваа операција, но не дозволуваме поигрување со демографската структура на Мосул, рече премиерот Јилдирим и потенцираше: Шиитите и сунитите нека останат. Операцијата не треба да прерасне во проблем на секташка супериорност. Тоа е она што сакаме да го кажеме.

Во Сирија владее мошне комплексна ситуација, рече премиерот Јилдирим и додаде: особено претстојните претседателски избори во САД на 8 ноември предизвикуваат политичка празнина и неповолен развој ан случувањата во регионот.

Различните ставови на Русија и САД во однос на регионот, секој изминат ден уште повеќе ја отежнува комплексната ситуација.

Улогата на Турција во целиот овој процес е состанување на Русија, САД, Иран и Саудиска Арабија и спречување на крвопролевањето на невините цивили во регионот, рече премиерот Јилдирим.

ПЈД и ЈПГ се продолжение на терористичката организација надвор од границите на Турција, но за жал, САД во борбата против ДАЕШ формира сојуз со овие две терористички организации, подвлече премиерот Јилдирим и потенцираше дека Турција никогаш нема да го прифати тоа. Постојано им посочивме на грешката што ја прават. Не може да се уништи една терористичка организација со помош на другата. Не постои ваков метод на борба против тероризмот, рече Јидлирим.

САД и Русија треба да се откажат од меѓусебното ривалство и да смогнат сили за изнаоѓање решение кое на преден план ќе ги изнесе човечките животи и подобра и посветла иднина.

Турција тоа им го сугерира на сите засегнати страни. Откажете се од борбата за превласт и дојдете да изнајдеме решение на проблемот. Дојдете да ги спасиме луѓето од тагата и маките, рече премиерот Јилдирим.

Во освртот на состојбата во Алепо, премиерот Јилдирим рече дека десетици илјади лица во градот се изложени на зулуми и се борат за живот. Немаат пристап до храната, не можат да ги намират основните потреби и не можат да ја подигнат главата поради постојаното бомбардирање.

Во освртот на односите со Русија, премиерот Јилдирим рече дека бележиме подобрување и поволен раст во меѓусебните односи. По меѓусебните посети меѓу претседателите Ердоган и Путин и јас лично ќе се состанам со рускиот премиер Димитри Медведев. На средбата ќе размениме мислења во врска со можностите за унапредување на соработката во инвестициите, трговијата, енергијата, транспортот и земјоделството. Состаноците на мешовитите економски комисии исто така се дел од програмата на разговорите, рече Јилдирим.

Во врска со предзнаците за туризмот, премиерот Јилдирим рече дека особено од Русија пристигнуваат поволни сигнали а исто така се забележува и пораст на туристите од Блискиот Исток.

Во случај да нема некои извонредни ситуации, 2017 година ќе биде многу подобра од 2016 година рече премиерот Јилдирим.

На прашањето во врска со ставот на земјите во однос на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, премиерот Јилдирим рече дека Русија има потрезвен став и дека Москва ги презеде потребните санкции на тоа поле.

Ставот на САД е доста променет во споредба со првите денови по кукавичкиот обид за воен удар поради што и тие изгледа ја сфатија длабочината на случувањата, рее Јилдирим.

Во врска со екстрадицијата на челникот на ФЕТО, премиерот Јилдирим рече дека се формираше потребната правна структура. Беа доставени барањата. Испратени се потребните документи, информации и докази. Турција официјално го достави барањето за привремено притворање и екстрадиција на челникот на ФЕТО до САД. Сега го очекуваме исходот, рече премиерот Јилдирим.



Слични вести