САД и ЕУ го осудија терористичкиот напад во Шемдинли кај Хаќќари

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс и Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини го осудија кукавичкиот терористички напад во во населеното место Шемдинли кај Хаќќари

586334
САД и ЕУ го осудија терористичкиот напад во Шемдинли кај Хаќќари

САД и ЕУ истакнаа дека го осудуваат терористичкиот напад реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Шемдинли кај Хаќќари во кој животот го загубија 18 лица од кои 10 војници и 8 цивили, а 26 лица од кои 10 војници и 16 цивили беа ранети.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс во објавеното писмено соопштение истакна дека американската управа најостро го осудува реализираниот напад од страна на терористичката организација ПКК кај Хаќќари.

Велејќи „Овој напад е последниот од реализираните растечки насилства од страна на ПКК кои будат длабока загриженост“, Нед Прајс привлече внимание дека во реализираните напади од страна на ПКК во голем број места на Турција животот го губат припадници на безбедносните сили и цивилите.

Прајс го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите во нападот, а на повредените им посака побрзо оздравување и рече: „Уште еднаш ја нагласуваме нашата одлучност за заедничко работење со нашиот сојузник во НАТО Турција за уништување на секој вид тероризам.“ 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс нагласи дека исто така го осудуваат и реализираниот напад од страна на терористичката организација ПКК со мотоцикл-бомба на полициската станица во населбата Бахчелиевлер во Истанбул во четвртокот минатата недела. 

Соопштение со остра осуда против кукавичкиот терористички напад во населеното место Шемдинли кај Хаќќари пристигна и од ЕУ.

Во меѓувреме и во објавеното соопштение од канцеларијата на Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини се истакнува дека ЕУ и Турција се во единство против секој вид тероризам.

Во соопштението се изразува сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.



Слични вести