Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Истанбул

Рускиот лидер во пладневните часови пристигна на аеродромот Ататурк во Истанбул каде што ќе учествува на 23-от Светски енергетски конгрес

586489
Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Турција...

Рускиот лидер во пладневните часови пристигна на аеродромот Ататурк во Истанбул каде што ќе учествува на 23-от Светски енергетски конгрес.

Рускиот претседател Владимир Путин во салата на Конгресниот центар Кутфи Кирдар во Истанбул каде што се одржува конгресот влезе заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Целиот свет со голема заинтересираност ја чека средбата која што ќе ја одржат рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган лице в лице на чиј дневен ред ќе се најде сириската криза.

Односите помеѓу Турција и Русија беа затегнати по случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор на 24 ноември, а потоа во јуни годинава беа подобрени откако претседателот Ердоган го изрази своето жалење поради смртта на пилотот на соборениот руски авион.

Двајцата лидери Ердоган и Путин потоа најпрвин се состанаа за време на посетата на претседателот Ердоган на Русија во август, а потоа остварија средба и на лидерскиот самит на Г-20 што се одржа минатиот месец во Кина.



Слични вести