Реакции од државниот врв, власта и опозицијата против терористичкиот напад во Шемдинли-Хаккари

Претседателот Ердоган својата реакција против кукавичкиот терористички напад во близина на населеното место Шемдинли кај Хаќќари во кој животот го загубија 10 војници и 8 цивили, а 26 лица беа ранети ја изнесе со објавување на писмено соопштение

586006
Реакции од државниот врв, власта и опозицијата против терористичкиот напад во Шемдинли-Хаккари

Припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК вчера реализираа напад со возило-бомба на Жандармериската станица Дурак во близина на населеното место Шемдинли во округот Хаќќари.

Во кукавичкиот напад животот го загубија 10 војници и 8 цивили, а 26 лица од кои 10 војници и 16 цивили беа ранети.

Повредените беа префрлени во болници во населените места Шемдинли и Јуксекова.

Веднаш по нападот за фаќање на терористите беше започната операција од широки рамки поддржана и од воздух. 

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган својата реакција против кукавичкиот терористички напад ја изнесе со објавување на писмено соопштение во кое се вели: „Нашата држава е одлучна заеднички со сите нејзини институции и со нашиот народ терористичката организација да ја доведе до состојба да не може да реализира терористички акти.“ 

Привлекувајќи внимание дека терористичката организација ПКК е во потрага да ги засили своите акции кои не располагаат со никакви човечки и морални вредности, претседателот Ердоган рече: „Сепаратистичката организација по акциите за копање дупки речиси е изолирана и исклучена од страна на народот во подрачјето.“

Ердоган објасни дека терористичката организација ПКК исто како и терористичките организации ФЕТО и ДАЕШ е насочена да го докаже своето постоење со напади со кои се има за цел само да се проелее крв и да се одземат животи.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека оваа терористичка организација е подизведувач на работите на мрачните сили кои праваат пресметки во Сирија и Ирак.

Осврнувајќи се на тоа дека поголемиот дел од обидите за терористички акти се спречени благодарение на поддршката на народот и со напорите на безбедносните и разузнавачките служби, претседателот Ердоган во своето писмено соопштение истакна: „Нашата држава е одлучна заеднички со сите нејзини институции и со нашиот народ терористичката организација да ја доведе до состојба да не може да реализира терористички акти.“

Ердоган напомена дека за опстанокот на државата и народот се преземени сите видови политички, дипломатски и воени мерки како внатре во земјата, така и надвор од земјата.

По кукавичкиот напад во близина на населеното место Шемдинли кај Хаќќари реакции пристигнаа и од владата и опозицијата.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека по успехот на Турските вооружени сили (ТВС) во руралните подрачја терористичката организација се усмери кон самоубиствени акции, но нагласи дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност. 

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш истакна дека Турција никако нема да им се предаде на терористичките организации и ќе се побара сметка за овие грозоморни напади.

Во пораката што ја објави преку својата сметка на Твитер Куртулмуш напиша: „Го изразувам моето сочувство до целиот наш народ. Турција никако нема да им се предаде на терористичките организации. Ќе се побара сметката за овие грозоморни напади.“

Министерот за правда Бекир Боздаг во пораката што ја објави преку својата сметка на Твитер напиша: „Тероризмот кога тогаш на крај ќе изгуби. Досега ниту една терористичка организација не успеала да ја постигне својата цел, а нема да ја постигне ниту денеска, ниту во иднина. Турција секогаш ќе победи, тероризмот ќе изгуби.“

Министерот за развој Лутфи Елван истакна дека се влегува во секоја дупка на терористите и нема да се остави ниту еден квадратен метар од териториите на Република Турција каде што нема да се влезе.

Министерот за царина и трговија Булент Туфенкџи нагласи дека некои средини деноноќно вложуваат напори особено тероризмот да се наоѓа постојано на дневен ред.

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу исто така остро го осуди терористичкиот напад во Шемдинли кај Хаќќари и рече: „Треба да се знае дека извршителите на овие напади насочени против нашата земја, нашата демократија и нашата волја за соживот во мир, никогаш не ќе можат да ги постигнат своите кукавички цели.“

Претседателот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели во пораката што ја испрати преку својата сметка на Твитер напиша: „Треба да се направи она што е неопходно во борбата против тероризмот, со духот на национална мобилизација ова зло, оваа неволја треба да се искорени и потполно да се уништи .“

Во меѓувреме својата реакција против терористичките напади ја изнесоа и претставниците на 181 племенски заедници од 16 градови кои се состанаа во градот Ван.

Водачите на племенските заедници од 16 градови го нагласија братството и дадоа пораки за единство и сплотеност.



Слични вести