Премиерот Јилдирим: Најпрвин знајте да бидете држава, а потоа префрлајте и на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим обраќајќи им се на управите во Дамаск и Багдад побара да ги одбранат сопствените граници и да покажат волја во борбата против тероризмот

586425
Премиерот Јилдирим: Најпрвин знајте да бидете држава, а потоа префрлајте и на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим говореше на церемонијата на отворање на новата 2016-2017 академска година на Техничкиот универзитет во Истанбул.

Јилдирим обраќајќи им се на управите во Дамаск и Багдад побара да ги одбранат сопствените граници и да покажат волја во борбата против тероризмот.   

Премиерот Бинали Јилдирим рече: „Ако продолжите да им дозволувате да егзистираат на терористичките организации и на некои други елементи кои нема да изнајдат решение за ниту еден проблем на вашите земји секако дека Турција ќе ги преземе и располага со право да ги преземе сите видови мерки за одбрана на своите граници, водење борба против тероризмот и за воспоставување на животната и имотната безбедност на своите граѓани.“

Потсетувајќи дека Турција е подложена на најголемо влијание поради нестабилноста која што владее во последните години во Ирак и во Сирија, Јилдирим продолжи со следните зборови: „За жал не се слуша гласот на владите во овие земји додека некои земји кои немаат никаква физичка и емоционална врска со овој регион таму реализираат одредени активности, меѓутоа гледаме дека стануваат вознемирени од тоа што Турција застанува во одбрана на ова прашање, како земја која плаќа најголема цена поради оваа нестабилност и овој хаос. Оние кои го велат тоа најпрвин треба да затсанат во одбрана на сопствените земји. Најпрвин вие одбранете ги вашите сопствени граници, одрбранете ги сите ваши граѓани кои живеат во границите на вашата земја, одбранете ги од убивање, знајте да бидете држава и потоа префрлајте и на Турција. Ако не го направете тоа, тоа што го велите станува малку смешно.“  

Премиерот Бинали Јилдирим нагласи дека борбата против тероризмот во Турција ќе продолжи се додека потполно не исчезнат сите предавници од нејзините територии и напомена дека оние кои очекуваат помош од тероризмот ги доживуваат своите последни моменти.

„За жал терористот нема ништо свето во себе. Не покажува ниту намјало двоумење додека посегнува и по животот и по имотот на човекот. Впрочем борбата против тероризмот не е состојба со која за прв пат се среќава нашата земја. Говориме за период од приближно 40 години. Денеска пак освен против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, продолжува нашата непоколеблива борба и против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и ДАЕШ. Турција во извесна смисла ја плаќа цената на географијата каде што се наоѓа.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим.



Слични вести