Потпишан договорот за проектот на гасоводот Турски тек

На договорот со кој што рускиот гас ќе се транспортира до Турција ставија потпис министрите за енергија на Турција и Русија Берат Албајрак и Александар Новак

586785
Потпишан договорот за проектот на гасоводот Турски тек

Потпишан договорот за проектот на гасоводот Турски тек...

На договорот со кој што рускиот гас ќе се транспортира до Турција ставија потпис министрите за енергија на Турција и Русија Берат Албајрак и Александар Новак.

На церемонијата на потпишување на договорот што се одржа во дворецот Мабејн во истанбул прусуствуваа и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин кој допатува во Истанбул по повод 23-от Светски енергетски конгрес.

По ставањето на потписите се одржа конференција за претставниците на печатот на која претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека на остварената средба со претседателот Владимир Путин лице в лице која  траела повеќе од еден и пол час освен за енергетскиот дел од билатералните односи разговарале и за наслови како што се културата, туризмот и трговијата.

Велејќи дека се надева оти процесот на нормализирање во односите со Русија ќе продолжи да се одвива интензивно, Ердоган напомена дека за неколку месеци ќе се оствари и консултативниот состанок на високо ниво. 

Претседателот Ердоган истакна дека во рамките на актуелните случувања во регионот со Путин биле разгледани прашањата со Сирија, операцијата Еуфратски штит и хуманитарната димензија на драмата во Алеп, како и можните алтернативи за соработка, за што пак рече дека ќе се состанат високите функционери на двете земји и детално ќе ги разгедат сиве овие прашања.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека со својот руски колега Путин постигнале согласност и во однос на интензивното продолжување на процесот во иднина во однос на изградбата на нуклеарната електрична централа Аккују и подвлече дека изгубеното време ќе биде надоместено.

Рускиот претседател Владимир Путин пак својот говор го започна заблагодарувајќи се на турската страна по повод успешното организирање на Светскиот енергетски конгрес по што нагласи дека со претседателот Ердоган разговарале за билатералните односи и притоа постигнале согласност за интензивирање на работите во оваа сфера.

Путин соопшти дека повторно е дозволен увозот на овошје и зеленчук како и на некои земјоделски производи од Турција и нагласи дека тоа претставува придобивка и за двете страни.

Велејќи дека на средбата била поставена на маса соработката во сферата на енергијата вклучувајќи ја и нуклеарната електрична централа Аккују, Владимир Путин подвлече дека овој проект ја опфаќа и сферата на едукација и обука на персонал. 

Путин воедно рече дека со претседателот Ердоган постигнале согласност и за намалување на цената на природниот гас што и се доставува на Турција.

Нагласувајќи дека Турција и Русија сакаат да сопре крвопролевањето во Сирија, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека посакува што ппобрзо да започне процесот на политичка транзиција во оваа земја.

Путин подвлече дека и самите сакаат да се доставува хуманитарна помош во градот Алепо, но напомена дека за да се спречи да дојде до евентуална провокација и доставиле предлог на американската управа.

„Меѓутоа тие не сакаат да го направат тоа“ - рече Путин.

Владимир Путин додаде дека позитивно го дочекал предлогот на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура за стопирање на крвопролевањето во Алепо групите кои не сакаат да го остават оружјето да бидат оддалечени од подрачјето.



Слични вести