Порака преку Твитер од претседателот Ердоган за праведна распределба на енергијата

Претседателот Ердоган во својата порака преку Твитер истакна дека за да се придонесе за светскиот мир со праведна распределба на енергијата на целото човештво треба да му се достави пораката #Споделизамир (#BarışİçinPaylaş)

586531
Порака преку Твитер од претседателот Ердоган за праведна распределба на енергијата

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод 23-от Светски енергетски конгрес кој се одржува во Истанбул.

Претседателот Ердоган во својата порака истакна дека до целото човештво треба да се достави пораката #Споделизамир (#BarışİçinPaylaş), а како што рече енергијата со праведна распределба да придонесе за светскиот мир.

Ердоган во својата порака напиша: „Енергијата е потреба без која што се не може за да се постигне напредок во однос на низа прашања од развојот до инвестирањата и од растот до здравството. Вон се енергијата располага со потенцијал да стане значајно средство во точката на воспоставување на мирот и правдата за целото човештво. Праведниот пристап до енергијата за секого верувам дека ќе го доближи човештвото уште повеќе до мирот и спокојството. За да се придонесе за светскиот мир со праведна распределба на енергијата, треба да му ја доставиме на целото човештво пораката #Споделизамир (#BarışİçinPaylaş).“



Слични вести