Дојдете сите заедно да работиме за постигнување на мир во Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше пред учесниците на 23.светски енергетски конгрес во Истанбул

586642
Дојдете сите заедно да работиме за постигнување на мир во Сирија

Ердоган повика на мир во Сирија и Ирак и рече: Дојдете сите заедно да работиме за постигнување на мир во Сирија. Ако тероризмот е глобално прашање,тогаш нормално е да се очекува поддршка од другите земји. Исто како што се бориме против тероризмот во нашата земја исто така треба да се бориме против тероризмот и во Сирија и во Ирак. Тоа е неминовно. Паралелно со тоа се бориме и за постигнување на единство за светската енергетска унија.

Во секој сектор во Турција постои сериозен енергетски потенцијал. Секој оној кој што инвестирал во Турција никогаш не се покајал, и нема да се покае.

Осврнувајќи се на проектот за изградба на трета нуклеарна централа претседателот Ердоган рече дека целта е 10 посто од вкупната енергија да се обезбедува од нуклеарните централи.

Претседателот Ердоган се осврна и на реализацијата на проектот Турски тек и рече: првин го реализиравме проектот Баку-Тбилиси-Џејхан а сега го реализираме проектот ТАНАП преку кој природниот гас од Азербејџан ќе се пренесува во Европа. Во тек се активностите за реализација на проектот Турски тек, кој ќе се реализира паралелно со случувањата во Европа. Сите проценки покажуваат дека најдобрата траса на проектот Турски тек е онаа која поминува низ Турција.



Слични вести