Благодарност од Нобеловецот Азиз Санџар до турскиот народ и државните личности

Професор доктор Азиз Санџар ја изнесе својата благодарност до турскиот народ и до државните личности кои цврсто се испречија пред обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ

586091
Благодарност од Нобеловецот Азиз Санџар до турскиот народ и државните личности

Турскиот научник добитник на Нобелова награда за хемија во 2015 година професор доктор Азиз Санџар своите први проценки во врска со неуспешниот предавнички обид за преват од 15 јули ги изнесе за Турската радио-телевизија ТРТ.

Професор доктор Азиз Санџар ја изнесе својата благодарност до турскиот народ и до државните личности кои цврсто се испречија пред обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ. 

Нагласувајќи дека чувствува понос и гордост од ставот што го покажа народот таа ноќ, Санџар рече: „Го изразувам моето сочувство до сите тие херои кои ги положија своите животи и станаа шехиди. Се гордееме со нив. Освен нашите шехиди, поголемиот дел од нашата армија, нашата влада, началникот на Генералштабот на чело со нашиот претседател го направија неопходното. Се гордееме со сите нив.“

Заблагодарувајќи им се се турскиот народ и на државните личности, Азиз Санџар рече: „Не можам да сфатам и да разберам како можеше да се случи еден ваков предавнички напад во мојата земја.“

Професор доктор Азиз Санџар напомена дека по обидот за преврат испратил писмо со поддршка до претседателот, премиерот и до другите државни личности и подвлече дека беше пребродена една голема катастрофа.

Санџар додаде дека секогаш ја чувствува покрај себе љубовта и поддршката на турскиот народ.



Слични вести