Во терористички напад со возило-бомба кај Шемдинли-Хаќќари животот го загубија 8 војници

Во кукавички напад со возило-бомба реализиран од страна на терористи на ПКК во близина на Шемдинли кај Хаќќари животот го загубија 8 војници, а 5 војници се ранети

585779
Во терористички напад со возило-бомба кај Шемдинли-Хаќќари животот го загубија 8 војници

Во реализиран напад со возило-бомба од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК поставено пред жандармериската станица Дурак во близина на населеното место Шемдинли во округот Хаќќари животот го загубија 8 војници, а 5 војници се ранети.   

Ранетите војници беа префрлени на лекување во болници во населените места Јуксекова и Шемдинли кај Хаќќари.

Областа каде што е реализиран нападот е земен под безбедносен обрач и е започната операција од широки рамки поддржана и од воздух.

Во меѓувреме во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари се неутрализирани 8 терористи.

Во една пештера во истото подрачје пак беа пронајдени мртвите тела на четворица терористи кои биле закопани од страна на нивните другари припадници на терористичката организација.



Слични вести