Во кукавичкиот напад кај Шемдинли-Хаќќари животот го загубија 10 војници и 8 цивили

Во терористички напад во возило-бомба реализиран од страна на припадници терористичката ПКК во близина на населеното место Шемдинли во округот Хаќќари животот го загубија 10 војници и 8 цивили, а 11 војници и 16 цивили се повредени

585862
Во кукавичкиот напад кај Шемдинли-Хаќќари животот го загубија 10 војници и 8 цивили

Во реализираниот кукавички терористички напад во возило-бомба од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК пред жандармериската станица Дурак во населеното место Шемдинли во округот Хаќќари животот го загубија 18 лица од кои 10 војници и 8 цивили, а 27 лица се повредени меѓу кои 11 војници и 16 цивили.

Повредените се префрлени во болници во населените места Шемдинли и Јуксекова.

Областа каде што е реализиран нападот е земена под безбедносен обрач и е започната операција од широки рамки поддржана и од воздух. 

По кукавичкиот напад изјави пристигнаа од премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак и министерот за развој Лутфи Елван.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека во реализираниот терористички напад во  Хаќќари животот го загубија 10 војници и 8 цивили.

„Нападот е реализиран од страна на бомбаш-самоубиец кој управувал со камионет со 5 тони експлозив кој се разнел“. - рече премиерот Јилдирим.

Јилдирим продолжи со следните зборови: „Со одлучност ќе продолжи борбата на Турција против тероризмот, сепаратистичкиот тероризам, ДАЕШ и со секој вид терористичка организација. Ќе продолжиме да ги реализираме сите видови активности и ќе направиме се што е во наша можност за да ги спасиме татковината и народот од мрачните терористички средини.“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш истакна дека Турција нема да им се предаде на терористичките организации.

Во пораката што ја објави преку својата сметка на Твитер Куртулмуш напиша: „Го изразувам моето сочувство до целиот наш народ. Турција никако нема да им се предаде на терористичките организации. Ќе се побара сметката за овие грозоморни напади.“

Министерот за одбрана Фикри Ишик преку својата сметка на Твитер напиша: „Нашата борба против овие предавници ќе продолжи се додека не остане ниту еден терорист.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „На нашите јуначки војници и нашите граѓани кои станаа шехиди во Шемдинли им посакувам милост од Аллах и го изразувам моето сочувство до нашиот народ. Нема да успеете.“

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак за време на својот говор на 23-от Светски енергетски конгрес во Истанбул го осуди терористичкиот напад и рече дека пријателските земји треба да покажат заеднички став против тероризмот. 

Министерот за развој Лутфи Елван во изјавата во врска со кукавичкиот напад рече: „Тоа што нашите безбедносни сили влегоа во сите оние места каде што 35 години не можеше да се влезе создаваа сериозна вознемиреност кај терористичката организација и нејзините поддржувачи. Меѓутоа нашата борба ќе продолжи. Со Аллахова помош нема да оставиме ниту еден квадратен метар каде што нема да влеземе. Сите ќе ги искорениме од корен.“



Слични вести