Во Истанбул се одржа безбедносен самит под претседателство на претседателот Ердоган

Во сарајот Бејлербеји во Истанбул вчера попладне се одржа безбедносен самит со кој претседаваше претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган

585643
Во Истанбул се одржа безбедносен самит под претседателство на претседателот Ердоган

Вчера во попладневните часови во Истанбул се одржа безбедносен самит со кој претседаваше претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Безбедносниот самит се одржа во сарајот Бејлербеји и траеше 1 час 40 минути.

На самитот освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш, началникот на Гнералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Фикри Ишик и надлежни високи функционери. 

На безбедносниот самит беше направена проценка на степенот до кој е дојдено во борбата против тероризмот и новите мерки кои што ќе бидат преземени по ова прашање, додека главна точка на дневниот ред беше присутната затегнатост помеѓу ирачката влада и Турција поради присуството на турските војници во кампот Башика во Ирак.

Освен тоа на безбедносниот самит беше разговарано и за операцијата Еуфратски штит која што продолжува во северниот дел на Сирија, како и за прашања посветени на борбата против тероризмот а поготово против терористичките организации ДАЕШ и ПКК.



Слични вести