Турција изрази спремност за помош на земјите погодени од ураганот Метју

Турција го изрази своето жалење поради големите човечки загуби и причинетата голема материјална штета поради ураганот Метју кој ги погоди Хаити, Доминиканската Република, Јамајка, Бахамите, Карибите, Куба и југоисточните сојузни држави на САД

585693
Турција изрази спремност за помош на земјите погодени од ураганот Метју

Турција истакна дека доколку затреба е подготвена да им достави помош на земјите кои се погодени од ураганот Метју, за санирање на штетите предизвикани од оваа елементарна непогода.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека се чувствува големо жалење поради големите човечки загуби и причинетата голема материјална штета поради ураганот Метју кој ги погоди Хаити, Доминиканската Република, Јамајка, Бахамите, Карибите, Куба и југоисточните сојузни држави на САД.

Во соопштението се вели следното: „Турција како земја која била подложена на големи штети од елементарните непогоди од се срце е во солидарност со владите и народите на земјите кои се погодени од силниот ураган, во ова тешко време за нив. Доколку затреба Турција е подготвена да достави помош за санирање на штетите на земјите кои се погодени од оваа елементарна непогода.“

Во соопштението воедно се напоменува дека Турција го изразува своето сочувство за загинатите во пријателските земји кои беа погодени од ураганот Метју.



Слични вести