„Треба да го продолжиме дијалогот дури и во однос на прашања во однос на кои не сме едногласни“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција и Русија дури и во однос на прашања во однос на кои не се одногласни треба да го продолжат дијалогот

585582
„Треба да го продолжиме дијалогот дури и во однос на прашања во однос на кои не сме едногласни“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за руската новинска агенција Спутник дека Турција и Русија не би можеле да бидат едногласни во однос на секое прашање, но дека дури и во однос на прашања во однос на кои не се одногласни треба да го продолжат дијалогот.

Чавушоглу истакна дека Турција и Русија во Сирија треба да се фокусираат на прашања како што се „Како можеме заедно да ја сопреме војната и како е можно да се постигне политичко решение.“

Мевлут Чавушоглу истакна дека тоа е и волјата која што ја изнесуваат рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на 10 октомври во понеделник (утре) на Турција ја одразува едногласноста во однос на тоа како би можеле да се унапредат политичките и економските односи помеѓу Турција и Русија.

„Ќе се вратиме на поранешните денови и ќе одиме уште понапред.“ - рече Чавушоглу.



Слични вести