„Терористичката организација ќе биде доведена во состојба да не може да реализира терористички акти“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека државата е одлучна терористичката организација да ја доведе до состојба да не може да реализира терористички акти

585977
„Терористичката организација ќе биде доведена во состојба да не може да реализира терористички акти“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во писменото соопштение кое што го објави во врска со кукавичкиот терористички напад во населеното место Шемдинли во округот Хаќќари истакна дека државата е одлучна терористичката организација да ја доведе до состојба да не може да реализира терористички акти.

Во писменото соопштение на претседателот Ердоган се вели следното: „Нашата држава е одлучна заеднички со сите нејзини институции и со нашиот народ терористичката организација да ја доведе до состојба да не може да реализира терористички акти. За реализација на тоа ги мобилизираме сите можности од човечките ресурси до сите технолошки можности. За опстанокот на нашата држава и нашиот народ сме одлучни да ги преземеме сите видови политички, дипломатски и воени мерки како внатре во земјата, така и надвор од земјата. Со божја волја нема да биде залудна цената која што ја плаќаме за побезбедна, поспокојна и попросперитетна иднина за нас и за нашите деца.“



Слични вести