Турција во текот на историјата беше изложена на низа предавства

Затоа државата треба да се исчисти од сите овие елементи кои се инфилтрирале

585400
Турција во текот на историјата беше изложена на низа предавства

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш рече дека Турција во текот на историјата беше изложена на низа предавства и забодувања од грб, но никогаш не се соочи со толку големо предавство како што беше кукавичкиот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал, потпретседателот Куртулмуш одговараше на прашањата во врска со актуелните случувања.

На прашањето во врска со истрагата што се води против приврзаниците на ФЕТО, Куртулмуш рече дека тоа беше најголемо предавство од доаѓањето на Турците на Анадолските територии.

Овој обид за воен удар е процес кој трае скоро 40 години, а не само неколку дена.

Приврзаниците на терористичката организација ФЕТО во текот на изминатиот период успеала да се инфилтрира во сите кадри на државните установи и институции и согласно меѓусебната болна психолошка хиерархија, во суштина станува збор за диктаторска структура.

Затоа државата треба да се исчисти од сите овие елементи кои се инфилтрирале, рече Куртулмуш.

Во освртот на случувањата во Сирија и Ирак, потпретседателот Куртулмуш рече дека основната причина за превирањата и хаосот во овие земји се посредничките војни меѓу Големите сили.

Се приближуваме кон крајот на овие посреднички војни и од случувањата може да се увиди дека дури САД и Русија се наоѓаат на прагот на меѓусебен судир, рече Куртулмуш и додаде:

Во текот на целиот овој процес, сите Големи сили преку овие посреднички т.е прокси војни се обидуваа да постигнат поголемо политичко влијание. Тоа нема крај, затоа што поскоро треба да се спречи процесот. Особено во Сирија што поскоро треба да започне процесот за воспоставување на мирот. Исто така и во Ирак, особено големите градови и општини треба да се ослободат од заканата од ДЕАШ и да се обезбеди сместување на локалните народи.

Во врска со претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција и дека главна тема на разговорите ќе биде Сирија, Куртулмуш рече уште од почетокот на прашањето, двете земји имаат различни ставови за решавањето на хаосот во Сирија. Со приближувањето на двете земји, ќе се изнајде заедничко решение, подвлече Куртулмуш.

Конечно и Русија и Америка имаа можност да ги увидат последиците на војната во Сирија. Ниту една земја нема доволно моќ за изнаоѓање и постигнување самостојно решение во Сирија. Тоа е многу јасно и очигледно, рече Куртулмуш.



Слични вести