Операција против тероризмот во Анкара

Во истрагата беа откриени 200 кг амониум нитрат и пластичен експлозив

585238
Операција против тероризмот во Анкара

Двајца терористи кои се подготвуваа да извршат терористички напад со автомобил бомба, на повикот на полицијата за предавање го активираа експлозивот и се разнесоа.

Валијата на Анкара Ердоган Топаџа истакна дека по проценката на еден повик од Дијарбакир, терористите ги фатија на една фарма за коњи на патот за Хајмана.

Терористите кои не го послушаа повикот на полицијата за предавање, го активираа експлозивот и се разнесоа.

Полицијата ги утврди идентитетите на двата самоубиствени напаѓачи  кои беа фатени мртви, а пости сомневање за постоење и на трет терорист.

Во истрагата беа откриени 200 кг амониум нитрат и пластичен експлозив.

Валијата Топаџа рече дека според првите наоди, голема е веројатноста самоубиствените напаѓачи да се поврзани со терористичката организација ПКК.

Терористите најверојатно се подготвуваа за самоубиствени напади но по телефонскиот повик на граѓаните и успешната операција на безбедносните сили, терористите не ја постигнаа целта.

Терористите, за да се камуфлираат, на автомобилот обесија турско знаме, рече валијата Топаџа и ги предупреди граѓаните да бидат попретпазливи и повнимателни во однос на сомнителните лица и возила.



Слични вести