Западниот свет не може да ги сфати случувањата по обидот за воен удар во Турција

Сите оние кои што не можат да го сфатат значењето на обидот за воен удар, најверојатно не ќе можат да ја сфатат причината поради која што се одржува сеќавањето на шехидите од 15 јули од страна на милиони Турци

584779
Западниот свет не може да ги сфати случувањата по обидот за воен удар во Турција

На 2 октомври се одржа комеморација за шехидите во обидот за државен удар на 15 јули. Репертоарот на комеморацијата се состоеше од песни кои беа сакани од страна на шехидите и кои беа интерпретирани од страна на познати интерпретатори. Ако се потсетиме дека песните со векови претставуваат одраз на среќните и тажни моменти на луѓето кои живеат на териториите на Анадолија, тогаш подобро можеме да разбереме дека комеморацијата го рефлектираше чувствата на голем број луѓе.

Ова беше само една од многубројните церемонии кои се одржаа и одржуваат во чест на шехидите на 15 јули. Во текот на изминатите 10 недели, беа снимени голем број документарни филмови, одржани кампањи преку социјалните медиуми и изложби. Исто така беа одржани и голем број конференции, дискусии и состаноци. Можеме да бидеме сигурни дека истите ќе продолжат и во претстојните недели и месеци.

Зошто? Зарем не дојде време да се заборави оваа трагедија и да се гледа напред, како што тоа го изнесуваат и препорачуваат некои лица од западниот свет. Во период кога граѓаните на Турција прават пресметки во врска со обидот за воен удар и потоа, голем број луѓе во Европа и Америка сеуште не можат да ја сфатат големината и значењето на таа ноќ. Нема сомнение дека комеморациите се одржуваат само во таа смисла. Можеби ќе биде од корист да ги потсетиме сите оние кои што на случувањата гледаат од надвор и оние кои што ја следат Турција, дека овие активности имаат големо значење од аспект на луѓето ја преживеаја таа ноќ под огнот на хеликоптерите и тенковите. Јасно е дека постојат големи разлики во перцепциите за случувањата во таа ноќ која ги промени животите на луѓето како и светот како го пропуштија тоа. Некои навистина сеуште не можат да ја сфатат и прифатат озбилноста на обидот за воен удар на 15 јули во Турција. Од голема корист ќе биде сите оние кои што сакаат да ги сфатат постоечките динамики на турското општество, повнимателно да ги анализираат како беше планиран обидот за воен удар, како беше имплементиран и како беше одбиен. Во врска со прашањето досега се објавени неколку добри статии и написи кои се засноваат на фактите и изјавите на учесниците во обидот за воен удар. Еден од нив е извештајот на Центарот за политички студии на Дејли Сабах објавен во август.

Тоа што не интересира во содржината на овој извештај е влијанието на обидот за воен удар што го остави кое е собрано во три поглавја.

Пред се, младите генерации родени по 1980-те и 1990-те години воопшто немаа видено и доживеано воен удар. По воениот удар во 1960-та година, младите имаа можност да слушнат низа стравотни приказни за тоа како беше обесен премиерот Аднан Мендерес како и приказни за масовното казнување на десничарите и левичарите по воениот удар во 1980 година. Исто така најверојатно имаат познавања, слушнато или прочитано нешто за воените удари во Египет и другите земји во светот. Ноќта на 15 јули 2016, младите имаа можност во живо да го доживеат воениот удар и да бидат сведоци на тоа како непријателските тенкови, хеликоптери и воени авиони беа вперени во нивните мајки, татковци, другари и роднини. Додека го преживуваа овој голем шок на предавство, исто така беа сведоци на пожртвуваноста на пријателите и семејствата. Гледано од аспект на историските мерила, шехидите напишаа еп. Затоа, нема ништо поприродно од правото на потсетување на сето она што го жртвуваа Турците во таа кобна ноќ.

Второ, ноќта на 15 јули голем број луѓе во Турција ја сфатија опасноста која што ја предизвика темната страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Овие лица отворено претставуваат јасен доказ за тоа како верските чувства на обичните луѓе биле искористени и експлоатирани од страна на Ѓулен, како биле кардени испитните прашања, како се инфилтрирале во државните установи, особено безбедносните и разузнавачките организации, како се стекнале со големи богатства и како ја формирале злосторничката организација во Турција и низа други земји во светот.

За оние кои на случувањата гледаат од надвор, можеби е тешко да се сфати како приврзаниците на една верска група кои изгледаат „добронамерно“, се инфилтрирале во државните установи и делувале како паралелна држава, како функционирала како влада во сенка и како манипулирале со законите и законските прописи во своја корист и интерес. Со изнесувањето на виделина на се поголем број информации за тајните активности на сектата Ѓуленовци, уште подобро се разјаснува и обелоденува сликата за оваа организација. Како што може да се утврди од досегашните информации, сектата за која станува збор, не е толку невино, мирољубиво движење кое е на страната на дијалогот. Напротив, тоа е секта која по секоја цена сака да се стекне со економска моќ и политичко влијание. Приврзаниците и поддржувачите на Фетулах Ѓулен веруваат дека нивниот лидер располага со натприродна моќ, поради што целосно му се предаваат и неговите барања и инструкции ги извршуваат беспрекорно. Затоа, групата која во Турција е позната како Фетулахистичка терористичка организација ФЕТО, самата го планираше обидот за воен удар на 15 јули и истиот се обиде да го изврши со помош на воените лица, полицајците и судиите и јавните обвинители кои ги инфилтрираше во државата.

http://guleninvestigation.com

Приврзаниците на Ѓулен, со текот на времето се испраксираа во прикривањето на вистинската цел и во позадината ан легитимните причини. Сега сите многу подобро сфатија како ги користат медиумите и невладините организации против лицата кои не подлегнуваат на нивните политички и економски барања, а со цел да се здобијат со легитимитет за остварување на своите монструозни проекти. Ѓуленистите без двоумење стотици луѓе испратија во затвор, ги избркаа од работа, водеа клеветнички кампањи против нив и на крајот отворија војна против демократски избраната влада. Ханефи Авџи, Рушен Чакир, Мустафа Онсел, Ахмет Шик, Недим Шенер и Дани Родрик со документи ги докажаа злосторствата кои ги извршија Ѓуленистите во земјава.

http://www.ecfr.eu/article/Turkey_after_July_15_The_view_from_Ankara_7088

Третиот фактор е разочарувањето на турскиот народ што го почувствува кон западните земји и нивните медиуми наспроти нивната недоволна чувствителност и симпатии кон обидот за воен удар. Имено по обидот за воен удар, недоаѓањето на ниту еден од лидерите на западните земји во посета на Турција предизвика големо чудење и изненадување кај сите делови на општеството од конзервативците до поддржувачите на запад. Индиферентноста на запад кон обидот за воен удар и случувањата потоа предизвика големи реакции и кај опозиционите партии и нивните приврзаници како и лево-либералните новинари и пистаели, освен кај поддржувачите на владата. Повеќето западни медиумски органи, случувањата ги рефлектираа како незначаен бунт на армијата отколку обид за воен удар. Мерките и санкциите што беа преземени по обидот за воен удар, за жал ги искористија како средство за напад против раководството, односно претседателот и владата, кои беа избрани од страна на народот и народната волја. Неодамна, еден постар европски државник ми рече дека голем број голем број луѓе во Европа немаа никакви информации за случувањата во Турција, вклучувајќи о и обидот за воен удар на 15 јули. Американскиот потпретседател Џо Бајден и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кои по неуспешниот обид за воен удар ја посетија Турција, истакнаа дека немаа претстава за длабочината на случувањата пред да допатуваат.  Повеќето од Западните медиуми, повеќето од фотографиите за случувањата на 15 јули ги цензурираа и се фокусираа кон напаѓање на претседателот и Владата.

Сите оние кои што не можат да го сфатат значењето на обидот за воен удар, најверојатно не ќе можат да ја сфатат причината поради која што се одржува сеќавањето на шехидите од 15 јули од страна на милиони Турци. Навистина е жалосна ситуацијата во која се наоѓаме, особено во период кога наместо доброволна неукост и политички опортунизам, имаме потреба од поголемо разбирање.

Ибрахим Калин, портпарол на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган



Слични вести