Во експлозијата на рачната експлозивна направа кај Ван загина еден десетар

Посмртните остатоци на војникот кој загина во експлозијата, по комеморацијата која беше одржана во Ван, беа испратени во родно место Сивас каде што ќе биде погребан

584804
Во експлозијата на рачната експлозивна направа кај Ван загина еден десетар

Во експлозијата на рачната експлозивна направа која  беше поставена на патот во Ѓурпинар кај Ван од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, загина еден десетар.

Експлозивот кој беше поставен на патот Ван – Ширнак , беше активиран за време на активностите за пребарување и контрола на патот од страна на безбедносните сили.

Посмртните остатоци на војникот кој загина во експлозијата по комеморацијата која беше одржана во Ван, беа испратени во родно место Сивас каде што ќе биде погребан.

Продолжуваат операциите на безбедносните сили во областа.



Слични вести