Во Егејското Море во близина на Чешме кај Измир фатени 132-јца илегални мигранти

Екипите на Крајбрежната стража во 3 гумени чамци во Егејското Море во близина на населеното место Чешме кај градот Измир фатија 132-јца странски државјани

584300
Во Егејското Море во близина на Чешме кај Измир фатени 132-јца илегални мигранти

Во Егејското Море во близина на населеното место Чешме кај градот Измир беа фатени 132-јца странски државјани кои со гумени чамци се обидуваа да преминат во Грција.

Екипите на Крајбрежната стража на 3 гумени чамци во кои се наоѓаа наведените илегални мигранти интервенираа во водите на Егејското Море во близина на Чешма кај Измир.

Во операцијата беа фатени 132-јца странски државјани и двајца турски државјани кои од гумените чамци беа префрлени на чамци на Кајрабрежната стража и беа однесени во пристаништето на Чешме.

Фатените странски државјани меѓу кои се наоѓаа и жени и деца им беа предадени на екипите на Управата за миграција.

Двајцата турски државјани пак беа притворени со тврдење дека посредувале во илегална миграција.

Од друга страна 44 лица со странско државјанство беа фатени и во еден камион кој беше сопрен на патарината Нарлидере на автопатот Измир-Чешме.



Слични вести