Одлуката на Претставничкиот дом на Ирак не е добронамерна

Министерот Чавушоглу, одлуката на ирачкиот Претставнички дом ја поврза за внатрешните политички превирања во оваа земја

584237
Одлуката на Претставничкиот дом на Ирак не е добронамерна

Министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу, соопштението на Претставничкиот дом на Ирак во врска со одлуката за непризнавање на военото присуство на Турција во Башика рече дека не е добронамерна.

Продолжуваат реакциите на Анкара во врска со одлуката на Претставничкиот дом на Ирак.

Министерот Чавушоглу, одлуката на ирачкиот Претставнички дом за окончување на военото присуство на Турција по одобрението кое го доби Владата од Големото национално собрание за испраќање војници во странство, ја поврза за внатрешните политички превирања во оваа земја.

На Ирак не и доликуваат овој вид одлуки кои се косат со добрососедските односи и пријателство, само поради внатрешните политички превирања кои владеат во земјата. Мислам дека усвоените одлуки се од привремено значење, рече Чавушоглу.

На средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ, кој престојуваше во официјална посета на Турција, министерот Чавушоглу на заедничката рпес конференција повторно потсети на целта на формирањето на кампот во Башика во Ирак.

Кампот во Башика не е формиран во скоро време, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека истиот за формирањето познавање имаше и раководството на Ирак. Како што е познато, кампот беше формиран со цел да се обучат локалните сили против терористичката организација ДЕАШ.

Во освртот на напорите за воспоставување примирје во Сирија во кои активности учествува и Турција, министерот Чавушоглу рече:

Ова е можеби последна шанса.

Во врска со примирјето во Сирија веќе не сакаме само формални состаноци, рече министерот Чавушоглу и додаде дека мирот во регионот може да се постигне и со придонесот и на други инволвирани земји и актери, освен Русија и САД.

Реакција во врска со одлуката на Претставничкиот дом на Ирак во врска со военото присуство на Турција пристигна и од потпретседателот на АК партијата Булент Туран.

Луѓето кои имаат тешкотии со својата хегемонија, не можат да излезат и да зборуваат за нашето одобрение за испраќање војници во странски земји.

Ако на жалосната слика во последните години во Ирак погледнеме од аспект на територијалниот интегритет, тогаш слободно можеме да кажеме дека навистина е многу тажна, рече Туран и подвлече дека во период кога Турција води борба против тероризмот, наше право е да изворот на тероризмот да го уништиме во рамките на легална основа.

Една од основните задачи и должности на Турските безбедносни сили е и водење борба против тероризмот, рече Туран.



Слични вести