Напад со мотоцикл-бомба на полициска станица во Јенибосна во Истанбул: 10 лица се ранети

На полициската станица во Јенибосна во населеното место Бахчелиевлер во Истанбул беше реализиран напад со мотоцикл-бомба во кој се ранети 10 лица

584363
Напад со мотоцикл-бомба на полициска станица во Јенибосна во Истанбул: 10 лица се ранети

Реализиран бомбашки напад на „Полициската станица 75-та година“ во населеното место Бахчелиевлер во населбата Јенибосна во Истанбул во кој се ранети 10 лица.

По експлозијата валијата на Истанбул Васип Шахин изјави за новинарите дека во бомбашкиот напад извршен со мотоцикл-бомба се повредени 10 лица и дека состојбата на ниту еден од повредените не е тешка.

Претходно валијата Васип Шахин во пораката што ја објави преку својата сметка на Твитер напиша: „Во експлозија на мотоцикл-бомба на улицата Фатих во населеното место Бахчелиевлер спроед првичните претпоставки се ранети 5 мина наши граѓани од кои еден потешко.“

По експлозијата беше причинета материјална штета во околните возила и во некои згради, а на местото на настанот веднаш беа испратени противпожарни и медицински екипи.

Областа каде што се случи експлозијата беше земена под безбедносен обрач и беше затворена за влегување и излегување.

Во меѓувреме полицијата започна истрага во врска со две сомнителни лица со мотоцикл.

На местото на настанот беа испретани и екипи за увид кои ги продолжуваат своите испитувања во областа.



Слични вести