„Вистинскиот чувар на демократскиот уставен режим во Турција е самиот народ“

Претседателот на Уставниот суд на Турција Зухду Арслан истакна дека државните удари и обидите за државен удар не можат да имаат никаков оправдан повод и рече дека вистинскиот чувар на демократскиот уставен режим во Турција е самиот народ

583415
„Вистинскиот чувар на демократскиот уставен режим во Турција е самиот народ“

Претседателот на Уставниот суд на Турција Зухду Арслан говореше на церемонијата на полагање заклетва на новите двајца избрани членови на Уставниот суд, Реџаи Акјел и Јусуф Шевки Хакјемез.

На церемонијата присуствуваа и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на главната Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу.

Арслан истакна дека државните удари и обидите за државен удар не можат да имаат никаков оправдан повод.

„Никој или ниту една институција не може да изнесува повод за државен удар поаѓајќи притоа од било кој текст или од секуларна или верска идеологија. Вистинскиот чувар на демократскиот уставен режим во Турција е самиот народ.“ - рече Арслан.

Нагласувајќи дека ниту еден устав не може да остане индиферентен пред активностите кои се обидуваат да го укинат демократскиот уставен поредок, Зухду Арслан рече. „Речиси во сите модерни демократски устави се предвидени методи на вонредно управување со кои се дозволува за време на овие видови состојби да се постават поголеми ограничувања за фундаменталните права и слободи. Причината за тоа е тоа што во основата на вонредните режими постои фактот „итна потреба“. Тешките закани насочени против постоењето на државата и народот несомнено создаваат состојба на итна потреба.“

Арслан напомена дека сфаќањето кај методот на демократско вонредно управување го отфрла целосното суспендирање на уставот и целосното доведување во неупотреблива состојба на фундаменталните права и слободи.

Зухду Арслан рече: „Затоа вонредната состојба не претставува состојба на беззаконие. Впрочем и законот за вонредна состојба  е детално преуреден во Уставот. Оворено се утврдени условите и границите на интервенцијата во правец на фундаменталните права и слободи за време на вонредна состојба. Најдобриот одговор што ќе му се даде на пучистичкиот менталитет кој на 15 јули се појави уште еднаш е да се подготви нов демократски и слободарски устав.“



Слични вести