„Спремни сме за секој вид соработка со ирачката централна влада за исчистување тероризмот од Ирак“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш го додаде и тоа дека Турција е спремна за секој вид соработка со ирачката централна влада за исчистување на терористичките организации од Ирак

583475
„Спремни сме за секој вид соработка со ирачката централна влада за исчистување тероризмот од Ирак“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш во дадената изјава за новинарите во Истанбул одговори на реакциите кои што се покажуваат против присуството на турските војници во Башика во близина на Мосул во Ирак.

Нагласувајќи дека турските војници кои се наоѓаат во регионот не се окупаторски, Куртулмуш запраша: „Каде беше ирачката влада и каде беше меѓународната заедница тогаш кога Мосул за само една ноќ беше окупиран од страна на терористичката организација ДАЕШ.“

Нуман Куртулмуш рече: „Присуството на Турција во Башика е поради неопходноста што се појави по окупацијата на Мосул од страна на ДАЕШ. Каде беше ирачката влада тогаш кога Мосул за еден ден беше окупиран од страна на ДАЕШ? Каде беше меѓународната заедница тогаш кога за еден ден беа окупирани голем број ирачки градови? Присуството на Република Турција или нејзината операција во моментов на сириските територии не се со окупаторска цел. Тоа не е со цел мешање во внатрешните работи на тие земји.“ 

Нуман Куртулмуш го додаде и тоа дека Турција е спремна за секој вид соработка со ирачката централна влада за исчистување на терористичките организации од Ирак.

Велејќи дека Турција е против обидите во правец на измена на демографските градби во Ирак и Сирија, потпретседателот на Владата Нуман Кутрулмуш рече: „Ирак им припаѓа на Ирачаните, а Сирија на Сиријците. Меѓутоа не е можно ние како Турција да и дозволиме на ниту една терористичка организација да реализира активности за промена на тамошната етничка градба и на тамошната демографска градба. Исто така тоа не треба да се дозволи ниту од страна на Ирак или од страна на друга земја.“



Слични вести