Во терористички напади кај Дијарбакир и Шанлиурфа животот го загубија тројца војници

Во реализирани терористички напади во населените места Лиџе кај Дијарбакир и Вираншехир кај Шанлиурфа животот го загубија тројца војници, а тројца војници се ранети

582946
Во терористички напади кај Дијарбакир и Шанлиурфа животот го загубија тројца војници

Во реализиран напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во близина на населеното место Лиџе во округот Дијарбакир животот го загубија двајца војници, а тројца војници се ранети.

Терористите  извршија напад врз војниците на задача за чување на градежните машини кои се користат за градежни работи во воената област на Жандармериската станица Абали во месноста Киллиханетепе.

Во кукавичкиот напад животот го загубија двајца војници, а тројца војници се ранети.

Ранетите војници беа префрлени на лекување во болница.

За неутрализирање на терористите во областа е започната операција поддржана од воздух.

Во населеното место Вираншехир во округот Шанлиурфа пак група терористи на ПК отворија оган со автоматско оружје на Жандармеријата Каракузу.

Во вооружената престрелка до која дојде еден војник кој беше ранет и беше префрлен во болница и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот. 

Од друга страна едно од две лица кои оделе на средба со терористите во шумскиот предел Сехи кај градот Битлис загина во реализиран воздушен напад во подрачјето, а другото лице беше рането.

Во градот Тунџели е започната операција поддржана од воздух за неутрализирање на припадниците на терористичката организација ПКК кои го блокирале патот и запалиле едно возило во сопственост на фирмата за дистрибуција на енергија Фират А.Ш.

Во населеното место Оваџик во округот Тунџели исто така беше уапсено едно лице за кое беше установено дека и пружало помош и уточиште на терористичката организација ПКК.



Слични вести